Во екот на кризата
пари, политика Tagged данок, економска криза, картички, криза, најевтини артикли, сијалици, струја, финансиски препород март 28th, 2011
Прв пост и може да се забележи песимизмот во мене според насловот. Не сум песимист, јас сум фантазер. Како што знаете од пред некоја година во светот владее економска криза од големи размери. Сите светски влади се соочуваат со проблемот на различен начин, додека одредени влади заедно со нашата наликуваат на мечки кои не сакаат да се разбудат од зимскиот сон. Да напоменам дека не сум политички определена, еднаш вербално сум ги поддржувала „едните“, за некоја година „другите“, ама сето тоа поради мојата фантазерска предиспозија да се убедам себе си дека имаме избор. Имаме избор, проблемот е што изборот е од лошо на полошо и обратно. Не е ни битно, ние секогаш сме биле во криза.
Независно од нашата и светските влади, нив не ги заболе уво за мене конкретно, иако си плаќам редовно данок, сметам дека јас треба да направам промени за олеснување на кризата.
Прво, бидејќи сите знаеме дека договор куќа гради, се договоривме колективно по дома дека струја ќе се троши најмногу за време на „евтините“ часови во денот. Си направив и додатна инвестиција па си ги сменив сите сијалици по дома со оние „штедливине“ што би требало да траат 6-8 години. Резултатите се намалување на сметката за струја за околу 400 денари. ЕВН очекувам да ми пратат честитка во склоп со рекламите за штедење струја наредниот месец, а јас 6 години нема да бидам приморана да ја вадам скалата од шпајз за да сменам прегорена сијалица (ако производителот не произвел шкарт). Водата и парното се со фиксна цена. Ама кај и да е чекам на консензус за да го откажам парното кое и онака не грее.
Второ, ја лоцирав продавницата со најевтини артикли во маало и ете мора да ја спомнам Стокомак, изборот им е мал ама основните артикли ги има и сите се по 5 до 50 денари поевтини отколку во било кој друг супермркет, дисконт и слично. Единствено неможам да направам споредба со продавницине на големо кај кванташки, ама ми кажале дека разликата во цена не постои или е мала.
Трето, се обидувам да ја откажам кредитната картичка на мое име и минусот на дебитната. Сеуште не сум ги извадила ножиците да ги пресечам, ама чекор по чекор. Кредитната ја заклучив во фиока, чекор два ќе почека. Едноставно ме инспирираше книгата Финансиски препород од Сањин Фрлан, можеби после второ читање ножиците ќе се најдат во моите раце па нема веќе да се одлучувам да плаќам камати за производи без кои можам комотно да живеам.
Напишете коментар
You must be logged in to post a comment.